Темелна стоматолошка грижа
Секогаш сме тука да ви помогнеме да добиете убава и здрава насмевка. Може да очекувате премиум грижа и максимална посветеност од тим од професионалци.
Општа стоматологија
Половина од луѓето во светот страдаат од орални заболувања, како што се расипување на забите и заболување на непцата, што може да влијаат на секој аспект од животот.
Болестите на устата и забите може да предизвикаат непријатност и болка и да бидат поврзани со други сериозни здравствени проблеми. Одржувањето на оралното здравје е од суштинско значење за општото здравје и благосостојба.
Во Дент Естет нудиме целосни стоматолошки третмани.Веруваме во превентивна стоматологија. Редовните прегледи ќе обезбедат одржување на оралното здравје и сите проблеми откриени рано ќе поминат со минимална интервенција.
Нашите општи услуги:
- Прегледи
- Круни и мостови
- Профилакса и чистење
- Екструзија
- Бели пломби
- Протези
Орална хирургија и имплантологија
Оралната хирургија е една од нашите специјалистички услуги и истата ја користиме кога конзервативниот пристап не е доволен, односно кога е потребно хируршко лекување на пациентот.
Опфаќа ендодонтска хирургија, хирургија на трети умници, имплантологија, подигнување на синусна шуплина, пародонтална хирургија, пресадување на коска, ласерска хирургија итн.
Имплантите се дизајнирани да функционираат како корен на заб, односно тие се целосно поставени во виличната коска, како и коренот на природниот заб. Горниот дел од имплантот може да биде еден заб, дел од мост со цел надокнадување на повеќе заби или како компонента на протеза или парцијална протеза.
Процес на имплантација:
- Консултација и 3D скенирање
- Поставување на имплантите
- Заздравување на коскеното и мекото ткиво
- Финална рестaврација
Естетска стоматологија
Естетската стоматологија вклучува комбинација на третмани за подобрување на бојата и обликот на забите и непцата.
Белењето е меѓу најпопуларните процедури во козметичката стоматологија, бидејќи може значително да го подобри изгледот на забите.
Промената и степенот на избелување варира од човек до човек, но кај сите може да се очекува посветла нијанса, особено кај потемни заби. Белеењето може да се изведе професионално во ординација или во домашни услови.
Во Дент Естет добивате:
- Професионално белеење во ординација користиме високо концентриран пероксиден гел кој се аплицира врз забот.
- Внатрешно (Ендодонтско) белеење. Во контраст на традиционалното белеење каде гелот се нанесува на надворешноста на забот, при ендодонтското белеење гелот се внесува во комората (внатрешноста) на забот. Процесот трае 1-3 дена.
Ортодонтски третман
Во Дент Естет ортоднтски третман опфаќа мобилни и фиксни протези како и третман на ТМЗ.
Фиксните ортодонтски апарати се состојат од метални брекети и лакови од различен материјал и дебелина во зависност од случајот и фазата на терапијата.
Мобилните апарати се ортодонтски помагала кои пациентот може да ги отстрани и вметне самостојно. Се изработуваат во лабораторија врз база на отпечаток од форма на забните лакови и непцето. Некои особено важни ортодонтски проблеми се решаваат полесно ако се третираат на рана возраст.
Во Дент Естет имаме различни мобилни протези :
- Алајнери - серија проѕирни индивидуални калапи произведени од компјутерски систем.
- Миофункционални апарати. Работат користејќи ги природните сили на усните, јазикот и мускулите за џвакање.
Дигитален ренген апарат и панорама на заби
Нашата ординација користи дигитален дентален рендген апарат, кој го претставува врвот на индустријата за рендген со минимална емисија на Х-зраци.
Погоден и лесен за ракување за максимална удобност и безбедност на пациентот.
Во Дент Естет радиографијата вршиме:
- Со минимално зрачење на пациентот (дури и 90% помалку од класичното рендгенско снимање)
- Значително поголема прецизност на снимање и подобри дијагностички можности
Ендодонција
Здрава пулпа – убава насмевка.
Лекувањето на заболени заби е од исклучиво значење за здравјето и благосостојбата на вашиот целосен организам.
Во Дент Естет успехот од ендодонтската терапија е значитечлен т.е. од 10 третирани заби, 8 до 9 се потполно и успешно излекувани.
Ендодонтскиот третман е стоматолошка процедура која вклучува:
- дијагноза и
- лекување или третман
на внатрешноста на забот.
За здрава насмевка!
За да закажете термин или консултација, пополнете го формуларот и ние ќе ви одговориме што е можно поскоро. Алтернативно, добредојдени сте да ни се јавите или да ни испратите е-пошта и со задоволство ќе одговориме на сите ваши прашања